На 10-ти Октомври во СОУ „Јане Сандански“- Струмица беше одбележан Денот на менталното здравје. Ментори на активноста беа проф. Марија Димитриева и проф. Данче Палазова.
Темата за Светскиот ден на менталното здравје за 2023 година е ,,Менталното здравје е универзално човеково право“!
Оваа тема ја нагласува потребата да се увери дека секој, без разлика на возраста, социо-економската класа треба да има пристап до висококвалитетна грижа и поддршка за менталното здравје!