СОУ „Јане Сандански“ во посета на Собранието на Република Северна Македонија

На покана од Парламентарниот институт при Собранието на Република Северна Македонија, на 13.10.2023 година, ученици од нашето училиште со нивната професорка Дончева Борка беа во посета на Собранието. Тие покрај обиколката на најрепрезентативните простории на Собранието беа запознаени со историјата на зградата, функцијата и улогата на законодавниот дом, работата на народните избраници, како и со постапката за донесување на закони.