Нашите ученички учествуваа на саем за профисионален развој

На 26.10.2023 год. во Скопје се одржа Саем за професионален развој во рамките на EXPO-SUBEX, во организација на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија – (AHK). Учениците, студентите и младите професионалци имаа можност да се информираат за перспективите за професионален развој и бараните профили за работа. На саемот учествуваа 30 компании – изложувачи. Исто така саемот беше посетен од учениците од средните училишта, со подршка од Гете – институтот во Скопје и Здружението на наставници по германски јазик.

На самиот саем беше организирана панел дискусија,која се водеше на англиски јазик и работилници организирани од Гете – институтот, кои беа организирани на германски јазик. Овој саем беше посетен и од нашите ученички Теона Георгиева, Елена Влахова, Антониа Ѓорѓиева и Анастасија Трајкова, ученички од економско-правна и трговска струка и е-дигитален маркетинг, кои што активно го учат германскиот јазик, со проф. Александра Минкова.