Олимпијада по експериментална физика EPO10

На 07.12.2023 (четврток) во Скопје се одржи 10 јубилејна Mеѓународна олимпијада по експериментална физика, Experimental Physics Olympiad, EPO10. Клубот на млади научници „НиколаТесла“под менторство на проф. Ванчо Белчивски при нашето училиште (СОУ „Јане Сандански“ – Струмица) зеде учество и постигна солиден успех. Учениците :

Иван Гарванлиев го освои второто место во категорија M

Магдалена Мучева го освои третото место во категоријата L

Но и останатите ученици успешно го завршија натпреварот. Стекнаа нови искуства во областа на експериментирање во науката т.е физиката.

Инаку клубот во оваа учебна година започна со работа со STEM секцијата. Во клубот моментално има над 40 активни ученици. Учениците почна да работат разни експерименти од областа на природните науки и информатика. Се програмира во Python, се користат готови компјутерски апликации и креативност во стандардно експериментирање односно она што всушност и значи STEM (Science, Technology, Engineering & Mathematics). Од опрема се користи Lego robot EV3, Arduino uno и Coach. Им посакуваме и понатаму многу успеси на сите ученици.