Нелсон Мандела рекол: “Образованието е најмоќното оружје што можете да го користите за да го промените светот“ – Ретките се силни, Ретките се храбри, Ретките се горди, Ретките се убави и свои, Уникатни во секој поглед Да бидеме нивна поддршка, да ги прифатиме и да им помогнеме во нивното секојдневно живеење.
„Сами можеме толку малку, заедно можеме многу повеќе.” – Хелен Келер.
28-ми февруари е денот кога се одбележува Меѓународниот ден на лицата со ретки болести. По тој повод цел месец се одржуваат активности чија цел е да се подигне свеста во општеството за предизвиците со кои се соочуваат овие луѓе.
На 26 февруари нашето училиште имаше активности по повод тој ден. Ученици заедно со наставници и стручните служби : дефектологот, педагогот учествуваа во заедничка работилница за изготвување постери со единствена порака за поддршка.