Регионален натпревар по германски јазик 2024 година

Интересот за странски јазици отсекогаш било предизвик за учениците, зборување, слушање, читање и пишување се главните вештини, а ние имаме чест да објавиме дека учениците од СОУ “Јане Сандански” се најдобрите на овогодинешниот регионален натпревар по германски јазик, кој се одржа во просториите на нашата гимназија.

По објавувањето на конечните резултати, нашите ученици се здобија со следниве награди:

Ученикот, Давид Донев ја освои втората награда, ученичките Амелија Николова, Александра Нецева и Александра Лазарова ја делат третата награда, ученичките Јована Недева и Софија Стојанова се здобија со пофалници и обезбедија учество на државниот натпревар, сите овие ученици се под менторство на проф. Билјана Витанова Ангелова, додека ученичката Виолета Сандова исто така доби пофалница и обезбеди учество на државниот натпревар, под менторство на проф. Александра Минкова. Сите овие ученици се ученици во прва година при СОУ “Јане Сандански”.

Ученикот Стефан Милев е второнаграден и ученикот Ѓорѓи Тренчовски како третонаграден, се ученици од II година и исто така продолжуваат понатаму на државниот натпревар, а се под менторство на проф. Билјана Витанова Ангелова.

Ученичката Радица Кечева од III година ја освои третата награда и обезбеди пласман на државниот натпревар, ученичката е под менторство на проф. Јулијана Глигорова.

На наградените ученици им честитаме за освоените награди, а на останатите ученици им благодариме за учеството.