Настан за мултипликација на проектот STEMBOT

На 01 Март во нашето училиште се одржа завршен настан за презентирање на резултатите од Еразмус+ проекот STEMBot.

На настанот присуствуваа повеќе од 60 претставници од повеќе основни и средни училишта од Струмица и соседните општини, како и од Валандово, Радовиш, Берово.

Проектот СТЕМБот располага со ресурси – видеа експерименти, лекции, квизови, прирачници од областа на СТЕМ кои можат да ги користат во наставата со учениците наставници од одделенска настава, предметни наставници од областа на СТЕМ предметите во основно и средно образование. Проектот исто така нуди детален прирачник за правење на исти такви ресурси.

Пристап до сите материјали директно на страната на проектот www.stembot.eu

Беа презентирани видеа од практична примена на СТЕМ кај наши ученици.

Учесниците на настанот имаа можност да го тестираат СТЕМботот, кој е исто така резулат на проектот. Тоа е разговорен бот кој функционира на принцип на вештачка интелегенција AI и ги поврзува преку разговор сите резултати од проектот.

Координатор на проектот: Елизабета Витанова