СОУ „ Јане Сандански “ започна уште еден проект во рамките на Еразмус + програмата под име My Digi-Edu World . Оваа е проект претежно наменет за наставниците.
Дека новоразвиените технологии создадоа ново разбирање за образованието е непобитна реалност. Затоа со овој проект преку низа активности и обуки од областа на WEB- 2 алатките, предвидено е наставниците да се стекнат со нови знаења и вештини за дигитално учење. Една од тие обуки ќе биде реализирана и изведена и во нашето училиште.После тоа наставниците ќе можат да ги користат овие нови технологии ефективно во нивната работа.
Во проектот нашето училиште е партнер заедно со други училишта и образовно-едукативни институции од Полска, Турција , Латвија, Грција и Бугарија.
Во Април од 11 до 14 во Полска –Рациборз беше остварена првата средба, на која воедно беше реализирана и првата обука. После успешно завршените активности со обуките, беше реализирана посета на Универзитетот Рациборз (PWSZ W Raciborzu), за применета технологија. Беа посетени работилниците за роботика на Универзитетот и беше обезбедено учество на курсеви по роботика и мехатроника.
На средбата зедоа учество две професорки од нашето училиште Елизабета Витанова , (координатор на проектот) и Зорица Витанова.