Проект Еразмус +   My Digi-Edu World 

СОУ „ Јане Сандански “ започна  уште еден проект во рамките на Еразмус + програмата под име  My Digi-Edu World  . Оваа е проект претежно наменет за наставниците.

    Дека новоразвиените технологии создадоа ново разбирање за образованието е непобитна реалност.  Затоа со овој проект преку низа активности и обуки од областа на WEB- 2 алатките, предвидено е наставниците да се стекнат со нови  знаења и вештини за дигитално учење. Една од тие обуки ќе биде реализирана и изведена и во нашето училиште.После тоа наставниците ќе можат да ги користат овие нови технологии ефективно во нивната работа.

Во проектот нашето училиште е партнер заедно со други училишта и образовно-едукативни институции од Полска, Турција , Латвија, Грција и Бугарија.

Во Април од 11 до 14 во  Полска –Рациборз беше остварена првата средба, на која воедно беше реализирана и првата обука. После успешно завршените активности со обуките, беше реализирана  посета на  Универзитетот Рациборз (PWSZ W Raciborzu), за применета технологија. Беа посетени работилниците за роботика на Универзитетот и беше обезбедено учество на курсеви по роботика и мехатроника. 

На средбата зедоа учество две професорки од нашето училиште Елизабета Витанова , (координатор на проектот) и Зорица Витанова.