На 6 мај во НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп на Државниот натпревар за пеење за средни училишта „Вива ла музика“ ученичките Мартина Митева, Софија Весева, Анастасија Цамбулева и Анастасија Соколова, под менторство на професорката Анита Станковска се закитија со прва награда. Во своите изведби на песните „Моја последња и прва љубав“, „Girl on fire“, „Stay“ и „Don’t speak“ ги придружуваше со својот вокал нивната сооученичка Стефанија Ичовска.