Успешно завршен проектот My Digi Edu World

Проектот My Digi Edu World официјано заврши на 31 декември 2023 година.

Ова беше проект за изучување на WEB 2 алатките за дигитална технологија. Беа реализирани низа курсеви во секоја од партнер организациите од проектот. Во Полска, Латвија, Бугарија, Грција и во Македонија. Нашето училиште учествуваше во овој проект како партнер со познавања од оваа област. Наши професори го изведоа курсот за обука од областа на WEB 2 алатките, кои успешно можат да ги имплементираат во наставата како наставниците, така и учениците.

Ова е уште едно искуство за нашето училиште од Еразмус програмата, од областа на дигитализација во наставата.

Координатор на проектот: Елизабета Витанова