Учениците од клас IV-4 во посета на ординацијата за уво, нос и грло „Д-Р БОМЈАНСКА“

Со цел учениците да можат од поблиску да ја доживеат професијата на медицински работник, нашето училиште организира серија посети на медицински установи. Соработката започна со биохемиската лабораторија Медика и продолжи во ординацијата за уво,нос и грло Д-р Бомјанска. Посетите се реализираат со учениците од IV-4 клас- гимназиско образование, природно-математичко подрачје,комбинација Б, кои ќе бидат нашите идни медицински работници, заедно со професорката по биофизика Соња Фиданова Цикарска.