УЧЕЊЕ ПРЕКУ ЕКСПЕРИМЕНТИ 

По успешно завршеното тестирање на резултатите од Еразмус+ проектот STEMBOT , од страна на нашите ученици , започна процес на реализација на експериментите од истиот. 

Експерименти од областа на хемијата беа успешно реализирани од ученици  под раководство на  професорката Снежана Илиевска-Поповска . 

Исто така беа направени повеќе  експерименти од областа на Физиката од ученици  под раководство на нивниот професор Ванчо Белчовски.

Оваа е нов пристап на учење препорачлив за  СТЕМ областа , учење преку експерименти .

STEMBOT проектот , на кој активно работеше и нашето училиште СОУ Јане Сандански, го нуди овој пристап на учење преку видеo- експериментите достапни до секого на Youtube каналот,  https://www.youtube.com/@stembot5383/playlists.

Секој експеримент е поткрепен со научна основа во форма на PDF лекции , истите се придружени со соодветни квиз прашања за проверка на стекнатите знаења. Низ целиот овој процес ве води и разговарате со STEMBot ( конверзацискиот бот ). www.stembot.eu

https://www.instagram.com/stembot_project

https://www.facebook.com/people/STEMBot/100081742100067