Вкупно 10 златни и 9 сребрени медали освоија нашите тимови на финалната рунда од Светскиот ученички куп на Јејл Универзитетот во Њујорк, САД. Осуммината ученици под менторство на професорките Верица Јанкова, Виолета Николова и Катерина Калева Ташева успешно го претставија училиштето и Македонија со своите успеси.
Исто така, потпишан е и договор за соработка според кој локална рунда веќе секоја година ќе се одржува во Струмица. Првата се одржа оваа година во април со учество на околу 400 ученици од Македонија и регионот, а преку неа, нашите тимови од Струмица стигнаа на финалната рунда во Њујорк, САД.