11 хемичари со награди и пласман на државен натпревар

Вкупно тринаесет наши ученици денес учествуваа на регионалното натпреварување во Штип во СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“.hem1Натпреварот започна во 11 часот и траеше 150 минути. Само пет ученици од секоја година имаа право да обезбедат учество на републичкото натпреварување.

Од прва година се натпреваруваа тројца наши ученици и ги освоија првите ТРИ места во конкуренција од 19 учесници. Димитар Бајрактаров заврши како првонаграден, Александар Цамбулев како третонаграден, двајцата под менторство на Зуле Цонева, додека Ана Цамбулева е второнаградена под менторство на Снежана Илиевска Поповска.

Од втора година на државен се пласираа Ивана Шарламанова – четврто место и Мартина Николова – второ место под менторство на Снежана Илиевска Поповска, а Игор Влахов кај професорката Зуле Цонева заврши на второто место.

Анета Ѓоргиева (второ) и Ивана Зеленкова (четврто) се ученичките од трета година кои работеа со професорката Снежана Илиевска Поповска.

Софија Божиновска (прво место), Ана Мицевска (второ место), Софија Галева (четврто место) се матурантките кои заедно со менторката Зуле Цонева остварија пласман на државно.

Иако општиот заклучок на учениците е дека прашањата кои ги добиле биле со тежина несоодветна за категоријата во која се натпреваруваат, сепак нивниот успех не изостана.

Големи честитки за наградените ученици и за нивните ментори! Се надеваме дека со нивното знаење ќе освојат уште државни награди на 25-ти мај во Скопје!