16 дена активизам против родово базирано насилство

Во рамките на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, претставничката на Мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија Радмила Карпузовска- Ончевска и специјализираните обучувачи од Министерството за внатрешни работи Емилија Велкоска и Ромео Дробаров одржаа интерактивна работилница во нашето училиште на тема „Сајбер насилство и како да се заштитиме од него“.

🎯 Цели на работилницата беа:

✔️Подигање на свеста за ризиците од користењето интернет и социјални мрежи;

✔️Совети за учениците како да препознаат сајбер насилство и како да постапат во таква ситуација;

✔️ Да ги осознаат последиците од злоупотребата на напредната технологија;

✔️Да делуваат понатаму со пренесување на пораките од работилницата меѓу нивните соученици.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е 408749026_837999834997249_7796527103682828572_n.jpg