23 април – ден на кој ќе нема бариери

Дваесет и два професори и шеесетина ученици, заедно ќе настапат на сцена во еден необичен и интересен музичко-сценски перформанс. Во чест на патронот, низ музика, песна и сценска игра, професорите и учениците на минатото се навраќаат, спомените ги оживуваат, на сегашноста ѝ се радуваат, но и светла иднина на идните гимназијалци и економисти им посакуваат.

Вашето присуство на овој заеднички настап ќе биде бесценето. Никаква бариера, ниту старосна, ниту професионална нема да претставува пречка да се испеат, одиграат или одживеат познати светски, но и домашни нумери, доживеани на еден наш поинаков начин. Подготовките се во завршна фаза, а ентузијазмот и на едните и на другите, би рекле од 15-70 годишна возраст, повторно по којзнае кој пат ќе го растрепери срцето на родителите и граѓаните кои се наша редовна публика и потпора за сите наши успеси.

Не пропуштајте да бидете дел од овој настан, Ве очекуваме на 23 април!

ФОТОГАЛЕРИЈА