Кариерно советување – помош на патот до успехот

Во нашето училиште во рамките на Центарот за кариера како посебна Програма од оваа година функционира и советувањето за кариера кое го спроведуваат обучени Советници за кариера.

kariera5
Во животот на секој млад човек доаѓа време за „влез во светот на возрасните“ и донесување на првата навистина важна животна одлука – избор на идната професија, па потоа следува повеќегодишен процес на стекнување образование и диплома, и конечно проблемот на пронаоѓање работа и планирање на иднината. Често ни се случува на тој пат да застанеме и да се запрашаме дали сме на вистинскиот пат, каде понатаму, што е она што навистина го сакаме, на кој начин до тоа да стигнеме. Секако, никој освен нас самите не може и не треба да го одредува текот на нашата иднина и кариера, но постојат луѓе и институции кои можат и сакаат да не усмерат, да ни дадат совет и ни помогнат да ја искристализираме визијата на својата лична и професионална иднина и да ги поставиме темелите за нејзино остварување.

Од кој и каде може да добиеме стручна помош?

Станува збор за кариерно советување-соработка со стручно лице кое има задача да ги процени  професионалните квалификации и лични квалитети на ученикот, да помогне во дефинирањето на неговите цели и да направи заедно со него стратегија за нивно остварување, да ги претстави сите можности за развој и усовршување во склад со целите и потребите на ученикот, да помогне и во остварувањето на контактите и пронаоѓањето работа.

Kариерни советници: Катерина Милушева, Јованка Михаиловиќ, Софија Тошева и Гордана Василева