Амбасадорот на Република Франија во Република Македонија, Лоренс Оер ја искористи посетата на Струмица за продлабочување на соработката на економски, културен и образовен план, а посебно се потенцираше потребата од искористувањето на средствата од отворените фондови за МакедонијаВо нејзината денешна агенда беше вклучена и посета на нашето училиште како расадник на добри кадри со желба да се овозможи понатамошна соработка.
Нашето училиште континуирано го негува францускиот јазик со негово изучување како втор јазик, но и учество на литературни конкурси, натпревари по диктат и француска шансона.
Амбасадорката го посети кабинетот по француски каде што во пригоден амбиент заедно со градоначалникот Зоран Заев, директорката Вања Велева, претставникот од Одделението за образование Соња Чурлинова и дел од наставниот кадар разменија вкусна храна и пријатни искуства.
Денес напладне, во домот на АРМ група наши ученици имаа средба со претставници на одделот за култура на француската амбасада во Македонија кои ги информираа средношколците за можностите за стипендирање за школување во Франција.