Сонуваме да излеземе од Заводот и да станеме успешни!

Денешниот неработен ден го искористивме за да позборуваме со нашите ученици кои престојуваат во Заводот за заштита и рехабилитација – Бања Банско. Кога ќе ги видите секогаш се расположени и насмеани, но по малку срамежливи за муабетење и учење.  zavodИгор, Дарко и Кристина се ученици во нашето училиште кои не кријат дека го посетуваат со задоволство затоа што дружењето со нивните врсници им е омилениот дел од денот. Иако момците не ги обожаваат училишните обврски, сепак си наоѓаат занимација и му се радуваат на времето поминато во училиштето затоа што секој ден се случува нешто различно.

„Школските другари се оние кои носат голема заслуга што јас се чувстувам целосно вклопен во средината, барем во училиштето“, истакна Игор кој е веќе матурант во класот на професор Зуле Цонева.

„Сите ги прифаќаат нашите разлики и сè тече како подмачкано. Всушност, најмногу ми се допаѓа што веќе повеќето не ги ни приметуваат нашите разлики“, со задоволство констатираше Дарко – ученик во трета година.

Иако многу не сакат да се дружат со книгите, туку повеќе да спортуваат, момците сепак си имаат и свои омилени предмети. За Дарко тоа се географија и историја, а за Игор ликовна уметност и географија.

За разлика од нив, Кристина која исто така учи во трета година е ориентирана на економските предмети  и токму двата предмети по економија, редовен и изборен, ги слуша со најголемо внимание.

Игор, Дарко и Кристина се ученици во нашето училиште кои не кријат дека го посетуваат со задоволство затоа што дружењето со нивните врсници им е омилениот дел од денот. Иако момците не ги обожаваат училишните обврски, сепак си наоѓаат занимација и му се радуваат на времето поминато во училиштето затоа што секој ден се случува нешто различно.
„Школските другари се оние кои носат голема заслуга што јас се чувстувам целосно вклопен во средината, барем во училиштето“, истакна Игор кој е веќе матурант во класот на професор Зуле Цонева.
„Сите ги прифаќаат нашите разлики и сè тече како подмачкано. Всушност, најмногу ми се допаѓа што веќе повеќето не ги ни приметуваат нашите разлики“, со задоволство констатираше Дарко – ученик во трета година.
Иако многу не сакат да се дружат со книгите, туку повеќе да спортуваат, момците сепак си имаат и свои омилени предмети. За Дарко тоа се географија и историја, а за Игор ликовна уметност и географија.
За разлика од нив, Кристина која исто така учи во трета година е ориентирана на економските предмети  и токму двата предмети по економија, редовен и изборен, ги слуша со најголемо внимание.
После училиште патуваат до влезот на струмичкото село Банско, во близина на хотелот „Цар Самуил”, под падините на планината Беласица каде што го поминуваат остатокот од денот. За животот во Заводот велат дека има луѓе од различни возрасти, но повеќето се повозрасни и затоа не им е многу забавно. Всушност, на прашањето која е нивната најголема желба и цел во животот, сите тројца едногласно одговорија дека најмногу од сè сакат да станат самостојни луѓе и да излезат од рамките на Заводот и тамошниот живот.
„Се радувам на секоја нова можност да излезам надвор“, искрено сподели Игор.
Од разговорот со нив откривме дека тие имаат и свои таленти кои ги негуваат во училиштето со помош на своите професори.
„Јас обожавам да учам шпански јазик и жалам што него го нема како предмет во училиштето“, рече Кристина којашто се труди сама да научи да го владее јазикот.
За талентот на Игор знаеме од музичкиот настан којшто се одржа на почетокот на месец ноември насловен како талент-шоу каде што тој по втор пат го истакна својот талент за пеење.
„Благодарение на професорката по музика настапив по втор пат во АРМ. Секако, првиот имав многу голема трема, но веќе оваа година бев многу опуштен и уживав на сцената“, вели Игор кој ја воодушеви целата публика, а за тоа сведочеа аплаузите.

Дарко пак има голема дарба за цртање којашто ја користи одвреме-навреме.
„Уживам кога си цртам, а на часовите голема помош имам од професорот Митко Тошев“, срамежливо ни откри.
Задоволни од нивната улога во општеството во Струмица велат дека живеат во град во којшто нема многу предрасуди за нивните разлики.
За крај на убавиот разговор, ги прашавме што би промениле кај луѓето.
„Сите луѓе имат свој начин на живот и мислење, па така секој си одговара сам за своите постапки и самите решаваат какви сакат да бидат. Единствено што сакам да порачам до сите е да бидат позитивни, енергични, среќни и насмеани бидејќи во животот нема реприза“,  порача Игор кој годинава ќе матурира и ветува дека со сета сила ќе се труди да стане успешен.
„Кога би можела би го променила лицемерството, љубомората, зависта и скржавоста. Без тие карактеристики луѓето би биле многу подобри“, рече Кристина.Инаку, ЈУ Завод за заштита и рехабилитација – Бања Банско е установа која згрижува, негува, едуцира и рехабилитира лица со телесен инвалидитет и е единствена установа од ваков тип во Република Македонија.