Нашето училиште започнува со низа активности за ефективно детектирање на родители кои ја претставуваат нашата бизнис заедница.Со помош на претставниците од Одделението за Локален економски развој при општина Струмица утре со почеток во 18:00 часот во салата за состаноци во нашето училиште ќе се случи средба со претставници од бизнис-секторот во Струмица, претставници на ЛЕСС и USAID.
Денес, преку официјалното обраќање до медиумите професорката Катерина Милушева апелираше на отворање на вратите за практиканти и волонтери средношколци во струмичките компании.
„Сакаме да овозможиме пракса на нашите ученици кои стекнуваат само теоретски знаења. Затоа ни е потребен бизнис-секторот, кој се надеваме дека ќе ги отвори ширум своите врати и ќе ги каже своите реални потреби, ќе им овозможи на нашите ученици да вршат пракса кај нив, да волонтираат и одблиску да се запознаат со процесот на работа и да видат дека кариерата не е нешто што се гради преку ноќ туку е целоживотен процес кој бара многу работа“, рече професорката Милушева за целта на соработката.
Поканите до бизнис заедницата со додаток анкетен лист е првиот чекор од овој проект. Преку прашањата кои се структуирани за да се долови реалната потреба од кадар и врз нивна база ќе се направи една пообемна анализа, а тоа ќе помогне на нашето училиште как ообразовна институција да се преконструира според нивните потреби.
Гимназиските паралелки имаат поголеми проблеми бидејќи не реализираат практична настава, за разлика од економските кои веќе имаат потпишани договори и имат искуство со волонтирање и пракса.