Вкусна храна со ниски цени од учениците од прва година

Богата трпеза изработена од учениците од прва година го красеше ходникот, а разните колачи ги мамеа погледите на сите кои денес го посетија училиштето.

hranaДенешната хумана иницијатива ја покренаа учениците од I-9 клас, но со голема надеж дека привлеченото внимание ќе предизвика почести и помасовни активности од таков тип.

Насмевката на лицата на учениците кои стоеја позади преполниот штанд и нудеа од домашно изработените производи беа доказ дека со љубов ја реализираат идејата за помош.

За вкусната храна беа задолжени вештите раце на учениците од овој клас, нивните мајки и класниот раководител Борка Дончева.

Домашни кифлички, куглоф, разни видови ситни колачиња… сè по симболична цена од 10 денари – цена за хуманост.