На почетокот од годината, традиционално и празнично хористите и инструменталистите од нашето училиште ќе пеат и свират за струмичката публика. По искуството од минатата година и огромниот интерес по првата најава за концертот, Младински совет и СОУ „Јане Сандански“ одлучија да бидат пуштени карти за два концерта со два термина во иста вечер.
Секоја карта беше бесплатна и во функција на РЕЗЕРВАЦИЈА на седиштето за еден од двата термина за публиката да ужива комплетно во тоа што ќе се случува на сцената.
Во рок од три дена, откако во сабота беа пуштени влезниците, од синоќа комплетно се пополнети сите седишта.
Традиционално, како и секоја година, во холот на НУЦК „Антон Панов“ ќе биде поставена голема елка со лампиони-честитки, а публиката под елката ќе ги остава своите подароци. Ќе биде поставена и кутија за парични донации.
ВАЖНО: Сите кои сакаат да присуствуваат на еден од концертите и имаат обезбедено карта МОРА да ја понесат со себе за да влезат во салата.