Возвратено гостување кај Зеф Љуш Марку

Разменување искуства, нови пријателства за кратко време, запознавање на двете општини и две различни националности се дел од придобивките од овој проект.zeflusВчера, 26 декември, последните релаксирачки учебни денови од оваа година нашите ученици ги поминаа кај своите нови пријатели од скопското албанско училиште „Зеф Љуш Марку“.

Домаќините ги пречекаа своите гости со локум и топол чај и со тоа го возвратија неодамнешното домаќинство.

„Ова е вистинскиот начин за да се разминат бариерите кои што постојат помеѓу младите, но не им недостасуваат и на возрасните. Сметам дека ова пријателство ќе продолжи што е и крајната цел“, вели директорката Вања Велева.

Учениците од овие две училишта, поврзани преку проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието, наскоро обединети во еден тим ќе учествуваат на математички натпревар.