Можеби најдолгоочекуваниот момент за средношколците – тргнувањето на екскурзија. Нашите ученици знаат дека треба да учат три години макотрпно, за на крајот да добијат патување кое засекогаш ќе остане во нивните сеќавања.
Годинава учениците од трета година заедно со своите ментори ќе патуваат низ Балканскиот полуостров и тоа по маршрутата Белград- Загреб-Љубљана-Постојна-Чатеж-Плитвички езера-Медена-Сплит-Дубровник-Сараево.
Екскурзијантите тргнуваат вечерва во 22:00 часот заедно со агенцијата Атлантис.
Им посакуваме убав и незaборавен помин!