Текст на Гордана Василева – професор по стручни економски предмети
ОДВНАТРЕ – НАНАДВОР
Меѓусебната зависност вреди повеќе од обичната зависност.
Сите ние го започнуваме својот живот како новороденчиња, целосно зависни од другите. Континуитетот на зрелоста прогресивно не префрлува од зависност до независност, а потоа до меѓусебна зависност. Зависноста е ти: ти грижи се за мене; ти преброди место мене; ти си крив. Независноста е јас: јас можам да го направам тоа; јас сум одговорен; јас можам да бирам. Меѓусебната зависност е ние: ние можеме да го направиме тоа; ние може да соработуваме; ние може да ги здружиме нашите таленти и можности и да создадеме нешто подобро заедно.
Карактерната етикавели дека постојат основни принципи за ефикасно живеење и дека луѓето можат да доживеат вистински успех и долготрајна среќа само ако научат да ги интегрираат овие принципи во нивниот карактер.
Етиката на личноставели дека успехот е повеќе дел од личноста, јавниот имиџ, ставовите и однесувањето, способноста и техниките, нешто што го подобру-ва процесот на човечката соработка (Се што може човечкиот ум да науми, може и да постигне).
Затоа, мора да погледнеме во лупата низ која го гледаме светот, и да сфатиме дека лупата се оформува според начинот на кој го доживуваме светот.
Не чекајте се да биде совршено, никогаш нема да биде совршено…Секогаш ќе има предизвици… Проблеми и лоши услови… Па што… Започнете сега… Со секој чекор што ќе го преземете… Ќе станете се посилни и посилни… Повешти, со поголема самодоверба… И се поуспешни…Потрудете се прво да разберете, а потоа да ве разберат. Овој принцип е клучот до ефикасната меѓусебна комуникација.
За крај: пребарај го своето срце трудољубиво, затоа што таму ќе ги најдеш одговорите за животот.