МАССУМ со пакетчиња во Заводот за рехабилитација

Хуманоста на нашите ученици им донесе радост на децата од Заводот за рехабилитација во Банско. 207754_313531728747191_1909753763_nЧленовите на МАССУМ при СОУ „Јане Сандански“, заедно со својот ментор, професорката Катерина Ќосева, последната учебна недела организираа хуманитарна акција во донирање топла облека.

Акцијата резултираше со изготвување голем број пакетчиња кои беа наменети за Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско“.

Во пресрет на празниците, нашите ученици беа во посета на своите пријатели од Банско за да им ги подарат пакетчињата и да им ја честитаат Новата 2013 година.

Од МАССУМ велат дека ваквите акции ќе продолжат и во 2013-та година со цел да се помогне и да се стоплат срцата на оние кои што тоа им е најпотребно.