Денес две наши екипи ученици имаа свои задачи на спортските терени.
Кошаркарите беа дел од општинскиот турнир по повод патронот на градот „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“ одржан во салата „Никола Карев“.
Натпреварувањето го завршија како второпласирани помеѓу екипите од четирите средни училишта.
Фудбалерките пак, денес ја одиграа втората фаза од регионалното натпреварување во Пробиштип и со пораз го завршија своето учество и шансите за пласман на државното првенство во Охрид.
Одбојкарите сè уште не започнаа со своите настапи, а се надеваме дека ќе нè израдуваат како продолжение на минатогодишните последователни успеси.