Несреќен ден за спортистите

Денес две наши екипи ученици имаа свои задачи на спортските терени. nesrekenden
Кошаркарите беа дел од општинскиот турнир по повод патронот на градот „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“ одржан во салата „Никола Карев“.

Натпреварувањето го завршија како второпласирани помеѓу екипите од четирите средни училишта.

Фудбалерките пак, денес ја одиграа втората фаза од регионалното натпреварување во Пробиштип и со пораз го завршија своето учество и шансите за пласман на државното првенство во Охрид.

Одбојкарите сè уште не започнаа со своите настапи, а се надеваме дека ќе нè израдуваат како продолжение на минатогодишните последователни успеси.