Гимназијадата како спортски настан е најмасовната спортска манифестација која се организира во Македонија. На неа
директно учествуваат околу 1000 средношколци поделени во 6 спортови ( фудбал, кошарка, ракомет, атлетика, футсал и одбојка ) и неколку промотивни спортови.Оваа година за прв пат градот Охрид е домаќин на спортската манифестацијата Гимназијада. Новитет е што Македонската радио телевизија се јавува како генерален медиумски покровител со што ќе биде овозможен пренос на голем дел од натпреварите.
За време на одржувањето на Гимназијадата Охрид 2014 (8-11 мај) организаторите имаат во план да ги забавуваат учесниците со дополнителни социјални активности.
На Гимназијада Охрид 2014 во колективни спортови во машка и женска конкуренција учествуваат по шест екипи. Моментално се размислува за спортот кој ќе биде посебно промовиран на Гимназијадата, а најверојатно тоа ќе биде олимпискиот спорт хокеј на трева.