На 26.02.2014 со почеток во 19:30 ќе се одржи тест – натпреварот за учесниците на циклусот натпревари 2014. Натпреварот не носи поени, но е корисен да се согледа начинот на техничко спроведување. Младите програмери од нашето училиште имаат нов предизвик пред себе – Дваесет и петтиот циклус натпревари по информатика во областа на програмирањето за учениците од средното образование.
Циклусот на натпревари ќе се состои од: подготовки, регионален натпревар, државен натпревар и државна олимпијада.
Нашето училиште има свои 8 претставници на електронското тест натпреварување и на регионалниот натпревар којшто е закажан за 1-ви март годинава. Немојте да мислите дека ќе им биде лесно да бидат максимално сконцентрирани на задачите бидејќи не е лесно да бидете имуни на карневалската еуфорија која владее во цела Струмица.
Под менторство на професор Софија Тошева во почетничка група ќе учествуваат четири ученика, а исто толку и во основно ниво.
Натпреварите и подготовките за натпреварите претставуваат можност голем број ученици да навлезат во тајните на програмирањето и на тој начин да создадат една одлична подлога за една перспективна професија, инженер по информатика, како во Македонија така и во светот.