Три тима делат две регионални награди за Наноматеријали

Денес во 10:30 часот во новата модерно опремена сала се одржа второто издание на натпреварот за Материјали на иднината. Осум двочлени екипи имаа право усно да ги презентираат своите проекти пред претставниците од Технолошко-металуршкиот факултет. nanomaterijaliСтрумица беше домаќин на третиот реон каде се натпреваруваа и примените проекти на средношколци од Берово, Валандово, Богданци, Радовиш, Пехчево.

Првонаградени во третиот реон се нашите ученици Лилјана Јешменова и Гордана Пандева со проектот Полимерни материјали, а втората награда ја делат две екипи, Христијан Мучев и Анета Ѓоргиева (Паметни материјали) со Љубица Томчева и Анита Василева (Нанокомпозитни материјали). Учениците со менторот Снежана Илиевска Поповска обезбедија учество на државниот натпревар во Охрид/Струга. 

Тимовите најпрво ги пријавуваа своите проекти преку веб страницата на натпреварот. Комисијата ги прегледуваше проектите и беа селектирани оние кои ќе  продолжат на еден од 7-те регионални натпревари. Денес имаа задача изработената тема да ја презентираат пред тричлено жири во 10-минутна PowerPoint презентација и 5-минутно одговарање на прашања на одредена тема од областа на материјалите.

Популарноста на натпреварот Наноматеријали – Материјали на иднината започна да се гради од минатата, прва година на негово реализирање со големите парични награди како водечка мотивација за учениците.

Натпреварот се одржува под покровителство на Министерот за образование и наука на Република Македонија, а во организација на Технолошко-металуршки факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.