Последни подготовки за карневалската маска

Различни возрасти и различни карактери скриени под иста рачно подготвена облека и во ритамот на весела соодветна кореографија – вака изгледа средношколската маска на нашето училиште. vezbanjeКарневалот е традиција која освен дружење надвор од училишните клупи развива и креативност кај учесниците.

На популарните Викинзи, Леприкони, Танцот на мирот, Боите на среќата годинава им се приклучува маската Кинеска Нова година. Неа ја сочинуваат околу 70 ученици и професори.

Подготовките траат веќе два месеца, а како и секоја година задачите се поделени по сектори почнувајќи од идеја, изработка на костимографија, набавка на материјали и кореографија.

Тимот професори е активен за подготвување на костимографијата со помош од креативни ученици на кои добро им оди шиење, декорирање или цртање. Учениците пак, ја имаат главната улога при подготвување на кореографијата којашто секогаш ги мами насмевките на посетителите и жирито.