Иако годинава календарскиот почеток на пролетта беше вчера, денешниот ден, како традиција беше резервиран за пролетното разубавување на училишните простории и дворот. „Весело е кога се работи – само да не се учи“, често знаат да кажат учениците. Дури и сонцето беше сојузник на денешната здружена акција на професорите и учениците кои подеднакво си ги „засукаа“ ракавите и со алатки в рака дадоа свежина на својот втор дом.
Една половина од вредни раце лоцирана надвор ги собираше отпадоците, ја раскопуваше земјата и садеше цвеќиња, а останатите со крпите и метлите ги расчистуваа училниците и кабинетите во кои од понеделник повторно ќе се вратат.