Нашите одбојкари и одбојкарки најдобри меѓу средношколците!

Денес салата „Димитар Влахов“ беше среќна за нашите ученици кои беа дел од турнирите по одбојка во машка и женска конкуренција. ofКако што ветија – првото место на општинскиот турнир во одбојка без проблем им припадна на девојките и обезбедијапласман на зонско натпреварување. Момците пак се чекор понапред бидејќи денес го освоија првото место на зонското натпреварување.

Честитки за сите наши одбојкари кои денес успешно го претставија нашето училиште. Пред нив следуваат уште предизвици до борбата за медали, но се надеваме дека добрата игра и среќа ќе ги служат и понатаму.