Денеска во Амфитеатарот на Универзитетот „Американ Колеџ“ во Скопје по повод 450-от роденден на Вилијам Шекспир, се одржа третиот натпревар во изведба/читање сонет или извадок од драма на познатиот англиски драмски писател и поет.Дел од 80-те учесници беа и наши претставници кои имаа можност да изведат дело на Шекспир. Втората награда му припадна на Миле Грнчаров, а третата на Вања Китанова. Двајцата ученици се од трета година и со нив работеше професорката Невенка Стојанова.
Наградените добија сертификати за своето успешно учество на натпреварот организиран од Универзитетот „Американ Колеџ“. Честитки за успехот на учениците!