Хрватските ученици: Екскурзијата во Чешка би ја замениле со Струмица!

Викендов нашето училиште беше домаќин на 20-тина ученици и професори од хрватското средно училиште „Обровац“ сместено во гратчето Обровац близу Задар – Хрватска.

33Убавините на градот, срдечноста на нивните домаќини, преполната агенда, а особено извонредните ноќни забави им овозможи на гостите незаборавни 3 дена во Струмица. Забавите, вкусната храна и веселите моменти со новите пријатели беа највкусен зачин на нивното патување кое гостите го споредуваат со незаборавна екскурзија. Тридневниот престој во нашиот град, според реакциите на учениците, беше прекраток.

„Патувавме мошне долго и правевме разни сценарија. Никако не очекувавме толку убав, најубав помин во Струмица. Кога бевме во автобусот се плашевме какви ќе бидат нашите домаќини, дали ќе бидат добри децата, и ако не се, планиравме да спиеме во автобусот овие две вечери“, раскажува ученичката Мартина Шоша.Средношколците кои престојуваа во Струмица имаа организиран натпревар по ориентација во просторот во градскиот парк.Како што нивното пристигање се одолговлечи поради погрешно усмерување на нивното возило, учениците посакуваа да не го најдат патот кон назад и барем уште неколку денови да уживаат во Струмица со своите нови пријатели.„Тука ни е толку убаво што кога ќе одиме на екскурзија во трета година сакаме да дојдеме во Струмица и да бидеме тука цели 6 дена и пак нема да ни здосади“, велат учениците со насмевка на лицата.

Несомнено, повратната средба на нашите претставници на проектот во почетокот од јуни ќе помине во уште попозитивна атмосфера и стекнатите пријателства ќе се зацврстат.