Формирањето на тим мажоретки е според трендовите на повеќето средни училишта низ светот кои имаат своја весела група девојки кои ги бодрат своите спортисти на натпреварите и се дел од сите училишни настани.
Танцот го практикуваат аматери и професионалци, уживајќи во ритамот на музиката.
Не е случајност што информацијата за формирање средношколски тим мажоретки се официјализира токму денеска, кога низ цел свет се одбележува интернационалниот ден на танцот. На овој датум е роден францускиот пејач, кореограф, зачетник на модерниот танц и еден од најдобрите танчери Жан Жорж Новер. Светскиот ден на танцот се обележува од 1982 година, под покровителство на УНЕСКО.
Заинтересираните ученици може да се вклучат во овој весел и разигран тим со пријавување кај професорите по спорт, Атанас Цикарски и Гоце Кончалиев или кај професорката по музика Анита Станковска.
Првиот настап на мажоретките ќе биде на одбележувањето на патрониот празник на училиштето на крајот од месец мај. Искористете ја можноста за јавен настап и забава со своите соученици за многу нови незаборавни спомени од средношколските денови.
Ако сè уште се двоумите, треба да знаете дека со 30 минути танц, телото почнува да лачи хормон на среќа, а еден час танцување согорува од 300 до 600 калории.