Вчера во Скопје се одржа последната републичка фаза од натпреварот по биологија на кој пласман обезбедија девет наши ученици.По успехот на домашен терен на државниот натпревар во Скопје имавме три свои претставници од прва година, еден од втора, двајца од трета и три ученички од четврта година.
Со истакнувањето на прелиминарните резултати ученичките Ана Атанасова и Божанка Ристова под менторство на Братица Милкова односно Василка Хаџи Котарова добија трето место на државно ниво!
Матурантката Атанасова го стекна успехот натпреварувајќи се со 14 други ученици од четврта година, а Ристова од трета година имаше конкуренција од дури 27 ученици.
Честитки за успешното претставување на сите натпреварувачи и на наградените со своите ментори!