Денес во Скопје се одржа главното финале на Коду КУП 2014 натпреварот во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа.Нашите ученици беа поканети да учествуваат на свеченоста како креатори на една од 15-те најдобри игри пријавени на повикот од Microsoft. Во склоп на настанот имаше посебна сала на презентација на игрите т.н. show room.
Со многу позитивни коментари и воодушевување од жирито, нашите ученици докажаа дека знаат како да одговорат на предизвикот и дефинитивно имаат способност за креирање на Developer игри. За својата игра добија втора награда на државно ниво која се состои од 4 ваучери за попуст од 30% од школарината за првата година од студиите за учениците во проектот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Факултетот за Современи Науки и Технологии. Противвредноста на ваучерите поединечно е од 540-600 евра во зависност од студиската програма.
Нашиот тим се состоеше од учениците од втора година: Ангел Митев, Игор Влахов, Горги Каламерников, Никола Тошев и од прва година Димитар Бајрактаров, под менторство на проф. м-р Софија Тошева.
Во продолжение може да го погледнете промотивното видео за играта нареена Looking For the Sunrise, каде главниот лик дејствува во неколку ноќни оригинални сцени, за на крај, кога ќе успее да одговори на сите прашања, го дочека изгрејсонце, како симболика.