Презентација која отвора врати за полуматурантите од Сандо Масев

При крајот на учебната година се собираат сите материјали и екипи составени од професори и ученици заеднички тргнуваат да ги споделуваат своите искуства од познатата струмичка гимназија со сите полуматуранти. 4Разделени во повеќе групи нашите екипи ги посетуваат сите основни училишта во општината и околните населени места.

Денес се случи презентацијата пред идните средношколци од ООУ „Сандо Масев, а професорките Данче Палазова и Ленче Ефтимова со ученичките Ирена Ристова, Ана Цамбулева и Даниела Митрова покажувајќи ја реалната слика ги информираа учениците за предностите и можноста за професионален развој во клупите на нашето училиште.

Идните ученици во СОУ „Јане Сандански“ имаат можност да одлучат дали ќе изучуваат општа гимназија, економски техничар или банкарски техничар.

Првиот уписен рок за ученици во прва година е закажан за 23 и 24 јуни. Како училиште секогаш ги практикуваме непосредните посети и контакти со идните наши ученици што е во склоп со сите досегашни активности кои покажуваат дека комуникативноста и транспарентноста се наш белег.