Ученикот од трета година, Христијан Мучев, освен умешноста на својата гитара, поседува и една друга, творечка способност. Неговиот труд на изминатата писмена работа по македонски јазик на тема „ Агонијата на душевната состојба на Раскољников од делото Злосторство и казна “ неговиот професор Павле Стојанов го оценил и рангирал меѓу најдобрите од генерацијата. Се надеваме дека ќе Ви се допадне, а воедно и ќе пружи помош на сите ученици на кои им претстои оваа писмена наредната година, како би требало да изгледа есеј за одличен пет.