На крајот од годината поразговаравме со учениците за нивните впечатоци и го тестиравме нивното мислење пред изборот на запишување во нашето училиште и по цела измината учебна година. Вечерва имаме разговор со ученичката од првата генерација на новиот и актуелен смер банкарски техничар.
Сања е само една од многуте кои пред изборот на училиштето во кое ќе го продолжат своето средно образование имала страв дека ќе биде претешко и нема да може да постигне успех каков што имала досега.
Мислењето целосно ќе се промени само ако изберете да бидете дел од училиштето со традиција за успех!
Нашето училиште нуди гимназиска струка, економски техничар и банкарски техничар.
Исто како нејзе, новите ученици ќе имаат можност да ја донесат својата одлука до 23-ти јуни кога ќе започне уписот на нови ученици во училиштето.
„Ова училиште за мене отсекогаш било најпрестижно во нашиот град и знаев дека единствено тука ја имам можност да го учам тоа што ме интересира и инспирира“, вели Стратовска за изборот на нејзиното ново училиште.
За пристапот на професорите вели дека е ем авторитетен – ем многу другарски. Привилегиите и довербата кај професорите си ги гради сама со нејзиниот успех.
Сања важи за еден многу одговорен ученик без ниту еден изостанок која вели дека тоа го регулира со правилно распределување на времето.
„Голем дел од новите лекции научувам од предавањето за време на часот и затоа ми е многу важно да не отсуствувам“, заклучува таа.