Елена Вчева: Не се чувствувам како ученик туку дел од претпријатие!

Интересни се разговорите со учениците кои завршија прва година во новиот и актуелен смер банкарски техничар. elenavcevaЗа сајтот на училиштето зборуваше и ученичката Елена Вчева која несебично ги сподели своите импресии со сите сегашни ученици, професори, но и со идните средношколци кои сè уште не одлучиле каде ќе го продолжат образованието.

„Пред да се запишам во гимназијата мислев дека ќе ми биде многу тешко да се запознаам со новите методи, предметни наставници, предметите и сè друго што е во склоп со училиштето“, ја започна својата приказна.

Но тоа мислење ќе го имате секаде и секогаш кога станува збор за нешто што се случува по прв пат и треба да се одбере најразумната одлука!

„Кога прв пат влегов во училиштето мислев дека воопшто не ќе можам да се снајдам поради неговата големина, ходниците…. и сè ми беше многу чудно, но тоа беше само првиот ден – потоа сè е многу полесно“, ги охрабрува идните средношколци.

Како и многумина, пред да се запише на смерот банкарски техничар, тремата и стравот биле нејзини придружници, но очекувањата биле сосема спротивни од тоа што го има како денешно мислење.

„Професорите ги замислував многу строги, ни најмалку слични на наставниците во основното училиште, но уште на почетокот сфатив дека не е така. Материјалот е мошне лесен за совладување и сфатив дека немало потреба од трема и страв. За сè треба само работна навика“, заклучува Вчева.

Кога ја прашавме како стигна до овој смер, ученичката ни даде многу цврст одговор, со јасна визија за својата иднина поради што треба да биде пример за сите идни генерации.

„Ова училиште беше моја желба уште од мала, а кога дознав дека има воведено нов смер Банкарски техничар воопшто не се двоумев! Отсекогаш сакав да учам за тоа, бев решена да се запишам Економски техничар поради желбата да станам банкар, но кога дознав дека има нов смер токму токму во таа насока, веднаш се решив затоа што го сакам тоа!“, искрено споделува таа.

Не станува збор само за материјал кој треба да се научи за оценка, туку и да се спроведуваат активности кои ќе ги градат вештините потребни на работното место преку вистинска пракса на теоријата.

„Имав можност со помош на нашиот класен раководител да спроведам анкета и да ги анализирам резултатите, секако анкетата беше поврзана со стручните предмети кои ги изучуваме. Сите активности во текот на годината направија да се чувствувам како дел од претпријатие, а не како ученик затворен во училница.

Во првите две години ги изучуваат истите предмети како економските техничари, во трета доаѓаат новите стручни предмети како

Мене најинтересен предмет ќе го издвојам Основи на бизнисот. Материјалот во глобала е доста лесен за совладување. 9. Би им препорачала воопшто да не чуствуваат страв, ќе запознаваат нови термини кои секако ќе ги интересираат доколку се одлучиле за овој смер. Ќе го совладат материјалот на забавен начин. Најспецифично е тоа што додека го изучувате овој смер нема да се чувстувате како ученици туку како дел од некој бизнис/претпријатие. Најперспективно е тоа што имаме отворен пат кон убави факултети и во иднина можеме да се вработиме на доста убаво место, односто да имаме висока функција во работното место.