Цела недела престој во Полска и промоција на филмот ОКО

Во текот на наредната недела наша екипа ќе престојува во Полска, во градот Грујец за збратимување со тамошното средно училиште. 1236025_10200625980319681_1912001398_nНашите 15-члена екипа ќе го искористи престојот за промоција на филмот „ОКО“ во кој се опфатени навиките на младите во Струмица во едно деноноќие и сличностите и разликите со другите држави.

Домаќините од Полска подготвуваат богата агенда за нивните нови пријатели.  Уште со самото пристигање градските власти организираат и официјален пречек на гостите кај градоначалник, надзорникот на Грујецкиот регион и директорката на гимназијата од Грујец.

Во текот на престојот нашите претставници ќе присуствуваат на организиран час по математика и хемија, како и мултимедијални презентации на хорот и музичките групи.

Голем дел од времето ќе биде искористено за прошетка и запознавање со културно-уметничките и историски знаменитости на тој дел од државата. Домаќините ќе ги прошетат гостите до Варшава влегувајќи во Кралскиот Замок, Стар град, Националниот стадион, Кралските бањи, како и панорамско разгледување на градот низ улицата Krakowskie Przedmieście.

Интересно е што учебната година во Полска ќе заврши в петок, а нашите претставници ќе бидат специјални гости на таа свеченост.

Во продолжение погледнете го документарниот филм подготвен за патувањето во Полска: