Пријавувањето и запишувањето на учениците во прва година ќе биде во два уписни рока – јунски и августовски, со две пријавувања во јуни и едно во август.Првото пријавување и запишување ученици во јунскиот рок е на 23-ти и 24 јуни 2014, а резултатите ќе бидат објавени на 25 јуни. Второто пријавување во јуни ќе биде на 30 јуни и 1 јули, а пријавувањето и запишувањето во августовскиот рок ќе се врши на 21 август.
Во нашето училиште прва година ќе се запишат 374 ученици во 11 паралелки со настава на македонски јазик
Гимназиско образование – 238 ученици, 7 паралелки,
Економско – правна и трговска струка – 136 ученици, 4 паралелки.
Потребни документи за запишување:
– пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);
– оригинални свидетелства од V до VIII одделение;
– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).