Уште едно разменско искуство за нашите ученици, овојпат во Италија!

Училиштето не претставува само место кое го користиме заблудени во нашите книги. Тоа претставува и начин за стекнување нови искуства и воспоставување контакт со други училишта кои не се во рамките на нашата држава, преку кои доаѓаме до нови знаења. Во преиодот од 22-25 Март, тим од нашето училиште составен од ученици кои го изучуваат италијанскиот јазик и професори, присуствуваше во едно од средните училишта во Италија. Целта на овој проект беше воспоставувањето соработка за размена на искуства со колеги/ученици од средното училиште.
strana
Повеќе за средбата ни раскажа проф.Верица Јанкова: -“Тимот од нашето училиште беше во посета на средното училиште “Eugenio Bona” каде беше потпишан меморандум за соработка меѓу двете училишта. Тоа подразбира размена на искуства на полето на образованието, културата и традициите во двете држави. Акцентот ќе биде ставен на примена на разните методи на работа со учениците, примена на интерактивна настава и др. При што ќе бидат разменувани начини на работа, презентации итн. Посетата се разбира ќе биде возвратена наредната учебна година, некаде помеѓу Септември и Октомври, кога ние ќе бидеме домаќини на ист таков тим составен од колеги и ученици од училиштето во Бијела.”
Нашите ученици кои беа дел од посетата, се вратија со нови корисни знаења.