По одличните успеси добиени на Државниот натпревар по математика, нашите ученици го продолжија натпреварувањето на Македонската математичка олимпијада. На Македонската математичка олимпијада учествуваа вкупно 59 средношколци.
На 4 Април во Универзитетот ФОН-Скопје, беше одржана Македонската математичка олимпијада за учениците од средното образованиe на која учествуваа и нашите ученици Димитар Бајрактаров под менторство на Елизабета Витанова и Методи Белчовски под менторство на Елена Лазарева.
Успехот кој го постинаа нашите ученици беше одличен. Димитар Бајрактаров се здоби со бронзен медал, а Методи Белчовски се здоби со пофалница. Иако тие не успеаја да се пласираа на Балканската математичка олимпијада, сепак тоа за нив беше голем успех.