Со цел одбележување на “Светски ден на детето” и придавање важност на детето како најбитен сегмент во човековото живеење, нашето училиште организираше акција донирање играчки. Во акцијата беа вклучени сите четири генерации кои без многу размислување и двоумење ги донираа своите играчки.
Собраните играчки, денес беа донирани во сите градинки на “Детска Радост” во Струмица. На детските лица се појави насмевка, а очите им се наполнија со сјај.
Со денешното донирање, нашата акција беше успешно извршена.