Наскоро нови рубрики и статии на веб страната!

Оваа година, како и ред години наназад, ќе бидат објавувани нови рубрики со интересни дебати, дијалози, предлози и новости.

Дел од нив се „Мини интервју“, „Викенд предлози“ и други содржини кои ќе го привлечат вашето внимание и вашиот интерес.

Мини интерјву:

Секој од нас има вон училишни активности. Дали учеството во нив ќе се претвори во хоби или во откривање на некој посебен талент ќе дознаеме благодарение на Мини интервјуто во кое што секоја среда некој ученик или група ученици со нас ќе го сподели начинот на кој го поминува своето слободно време.

 

Викенд предлози:

Доколку викендот се ближи, а вие не знаете како да го искористите вашето слободно време, не знаете што да читате или што да гледате, а сте фан на филмови или книги, од сега па натаму секој петок можете да го погледнете нашиот викенд предлог: некогаш книга, а понекогаш и филм со кратко резиме кое ќе биде вистински поттик да запливате во водите на литературата, а воедно и да го збогатите вашиот речник со најинтересните, најпоучните и највозбудливите романи и филмови создадени од рацете на најврвните професионалци во светот.